146
Несреќен случај се случи денеска во скопско. Воз удри во автомобил попладнево на железничкиот премин кај Зелениково. Екипа на Итната медицинска помош – Скопје е на лице место, потврдил за МИА, шефот на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов.
Според првичните информации од медицинските екипи, во несреќата е повредено едно лице.
Засега нема детали за причините на оваа сообраќајна несреќа и како дошло до судирот.