468
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во близина на новоизградените згради „Атлантис“ во Велес, каде четиринаесетгодишно момче паднало од мотор и се здобило со сериозни повреди.
Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала на местото на несреќата и му укажала прва помош, по што повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес.
Портпаролката на болницата, Билјана Босилкова, информираше дека на момчето му биле дијагностицирани тешки повреди на главата. Неговата здравствена состојба е стабилна, но поради сериозноста на повредите, итно е транспортирано на Клиниката за неврохирургија во Скопје.
Причините за несреќата сè уште се утврдуваат.