ВЛЕН станува партија: Започнува трансформацијата во нов политички субјект

од Љубиша Владимиров
109 прегледи

Коалицијата ВЛЕН, составена од Демократско движење, Алтернатива, Беса и Самоопределување, започнува процедура за формирање нова заедничка политичка партија. Одлуката следува по самостојното делување на Алијансата за Албанците и нејзиниот лидер Арбен Таравари.

На состанок во Струга беше договорено формирање централно раководство со 23 членови, како и заеднички штаб, медиумски центар, кадровска комисија и сектори за економија, право и образование. Сите партии ќе настапат со заедничка програма и листи на претстојните избори.

Изет Меџити нагласи дека изборот на лидер ќе се одвива демократски и дека фокусот е на концептот, а не на поединци. Целта е создавање силна и обединета политичка алтернатива пред локалните избори.

Слични содржини