Салма Хајек не се плаши од стареење: На фотографиите од одмор ja покажа седата коса и лицето без шминка

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Мексиканско-американската актерка Салма Хајек и на 58-годишна возраст важи за една од најубавите жени на светот, а на последните фотографии од одморот покажа дека не се плаши од стареење, гордо истакнувајќи го своето лице без шминка и седата коса.

Хајек на својот Инстаграм сподели фотографии кои ја доловуваат атмосферата од одморот, во кои се вклучени и голем број кадри во кои таа позира без шминка.

Салма, исто така, може да се види како гордо ги покажува своите сиви прамени кои се спојуваат со нејзината природно темно кафеава коса.

Актерката на фотографиите може да се види и во костим за капење кој ги истакнува облините кои со децении ја прават препознатлива во Холивуд.

Иако со гордост ги носи своите години, Хајек неодамна откри дека направила естетска операција за подмладување.

Тоа е ултразвучна процедура за подигнување на кожата и зголемување на колагенот.

„Сакав мојот сопруг да каже „вау“ кога ќе ме погледне. Сакам да се чувствувам добро со мојот изглед, но не мора да изгледам како да имам 20 години“, рекла таа.

Таа исто така нагласи дека е повозбудена поради тоа што е во педесеттите: „Тоа е поинаква убавина“, изјави таа во интервју за магазинот People.

Слични содржини