Пратениците од Левица предложија измени во Кривичниот законик со кои би се укинало застарувањето на кривичните дела сторени од функционери. Сметаат дека сегашните измени се амнестија за политичката и бизнис елита и поттик за корупција.
ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ најавија дека ќе ја разгледаат иницијативата пред да донесат став. Министерството за правда работи на решение за штетите од контроверзните измени. СДСМ поддржува построги закони за функционери, но се против ад хок решенија. Тие сметаат дека нов Кривичен законик, изработен со ЕУ експерти и според германскиот модел, е вистинскиот чекор напред.
Измените донесени пред година и пол беа критикувани и на домашен и на меѓународен план, вклучително и од Европската комисија.