Путин нуди прекин на инвазијата врз Украина во обид за мировен договор со Трамп

од Љубиша Владимиров
59 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин понуди да ја запре неговата инвазија на Украина по сегашната линија на фронтот, како дел од напорите за постигнување мировен договор со американскиот претседател Доналд Трамп, објави во вторникот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на лица запознаени со ова прашање.

Според извештајот, Путин му рекол на Стив Виткоф, специјалниот пратеник на Трамп, за време на состанокот во Санкт Петербург на почетокот од месецов, дека Москва може да се откаже од барањата за анексија на делови од четири делумно окупирани украински региони кои сè уште се под контрола на Киев.

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит, изјави за новинарите во вторникот дека специјалниот претставник на САД, Виткоф, ќе отпатува во Русија подоцна оваа недела на разговори со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина.

Левит рече дека „се надеваме дека се движиме во вистинската насока“ за Украина, истакнувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп изразил фрустрации и кон Русија и кон Украина во неговите напори да ги запре борбите. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во вторникот дека Украина ќе биде подготвена да преговара со Русија во кој било формат штом стапи на сила прекинот на огнот и престанат борбите.

Слични содржини