Бирото за јавна безбедност при МВР спроведува голема полициска операција во повеќе градови низ Македонија насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем. Неофицијално се работи за долгогодишно незаконско со прикажување на лажни дијагнози овозможувале за аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии.
Станува збор за мрежа составена од преку 50 лица меѓу кои доктори, член на комисија во ПИОМ, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро….
Претреси се вршат во неколку здравствени ординации, но и службени канцеларии каде работат докторите во повеќе медицински установи низ државата.
Неофицијално ќе бидат поднесени кривични пријави за основано сомнение за сторени кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, помагање, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда.
Како што извести Обвинителството, станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство.
„Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, додаваат од ОЈО ГОКК.