Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој како кадар од таборот на Арбен Таравари, смета дека дека едното крило на Алијансата за Албанците со петмината пратеници е клучен фактор за стабилноста на Владата.
„Сметам дека нема простор за еднострани потези од ниту една партија и дека мора да размислуваме во однос на стабилноста на оваа влада. АА со своите 5 пратеници е клучна за стабилноста на овој владин состав“, изјавил денеска Фетаи.
Тој појаснил дека премиерот Христијан Мицкоски ќе има одвоена средба со коалициските партнери, односно посебно со Алијанса на Таравари, со ВЛЕН и со ЗНАМ.
„Има секојдневни контакти со премиерот Мицкоски и со коалициските партнери. Некои од нас го кажаа тоа, јас велам дека соработката продолжува во Владата. Вчера имавме владина седница на која не беше покрената ниту една загриженост. Така што продолжуваме да работиме, како ништо да не се случило и верувам дека ги видовте пишувањата на медиумите дека во наредните денови ќе има консултации меѓу премиерот и коалициските партии. Засега ништо не е променето, освен консултациите кои се очекуваат да се случат“, истакнал Фетаи.
АА на Таравари дефинитивно нема да биде дел од новата партија која тежнее кон единство, и која сепарирањето на министерот за здравство го протолкува како кокетирање со опозициската ДУИ. По прозивките од Меџити, Ибрахими и Касами, Таравари призна дека телефонски разговарал со Ахмети за поддршка во вториот круг од локалните избори, но најави и дека е заинтересиран да остане во Владата.