(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот во Истанбул

од Milan1
1,4K прегледи

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала денес го погоди турскиот град Истанбул, а локалните медиуми јавуваат дека низ целата истоимена провинција се распоредени екипи за итни случаи.

Али Јерликаја, турскиот министер за внатрешни работи, изјави дека екипите почнале да го пребаруваат подрачјето погодено од земјотресот.


Според податоците на Турската администрација за дејствување при катастрофи и вонредни ситуации, земјотресот се случил во морето крај брегот на општина Силиври, на длабочина од 6,92 километри.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во својата прва изјава по земјотресот изјави дека внимателно го следи развојот на ситуацијата.

Едно од видеата што се појавија на социјалните мрежи прикажува жена која во моментот на земјотресот се нашла во стан од кој не можела да излезе и се испаничила, држејќи се за вратата.


Според прелиминарните извештаи, зградите се треселе во Истанбул, пренесува Ројтерс.

Турција сè уште се опоравува од серијата земјотреси во 2023 година во кои загинаа повеќе од 55.000 луѓе.

Подрачјето во близина на границата меѓу Турција и Сирија прво беше погодено од силен земјотрес со магнитуда од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а еден час подоцна следеше нов потрес со магнитуда од 6,7 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот предизвика големи разурнувања и во соседна Сирија, каде што градот Ал Баб најмногу настрада.

Тресењето на земјата беше почувствувано и во други делови на Турција, Грузија, Ерменија и Кипар.

Покрај човечките загуби, земјите претрпеа и значителни материјални штети.

Инфраструктурата, археолошките наоѓалишта беа уништени, додека многу тврдини и џамии беа речиси уништени.

Стотици илјади луѓе во Турција останаа без покрив над главата тогаш, објави Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Слични содржини