Збогувањето на Женевиев Жанингрос со папата беше тивок, но моќен чин на искрена хуманост и пријателство. Во моментот кога кардиналите и бискупите немо минуваа покрај ковчегот, таа остана неподвижна, потопена во молитвата и сеќавањата на заедничките години на борба за достоинството на секој човек.
Во емотивната сцена која трогна многумина собрани во базиликата Свети Петар, опатицата Женевиев Жанингрос, 82-годишна членка на редот на „Малите сестри на Исус“ од Остија го прекрши строгиот протокол на Ватикан за да се збогува со својот долгогодишен пријател, папата Франциск. Со својот препознатлив зелен ранец на рамо, таа тивко се приближи до ковчегот на папата, подзастана, ги склопи рацете и остана во молитва, додека солзи ѝ течеа по лицето. Никој од швајцарските гардисти или официјални лица на Ватикан не се обиде да ја спречи – нејзината тага беше посилна од сите правила.
Жанингрос е позната по својата неуморна работа со најранливите – таа посвети повеќе од 56 години на помагање на сиромашните, трансродовите луѓе и работниците во забавниот парк во римското предградие Остија. Живеела во приколка, рамо до рамо со оние на кои секојдневно им помагала, а папата често ѝ бил гостин , каде се среќавал со луѓе од маргините на општеството.
Нивното пријателство трае повеќе од четири децении, од времето кога Франциск беше надбискуп на Буенос Аирес.
View this post on Instagram