Мицкоски: Одиме на огромна победа на изборите

од Vladimir Zorba
57 прегледи

ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ – „Љубиша Георгиевски“ во соработка со ИФЕС денес и утре одржува дводневен семинар во Гевгелија на тема – „Модернизирање на комуникациските стратегии за локалните избори 2025“ на кој учествуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ИК на партијата.

На семинарот со свое обраќање на присутните им се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој кажа дека партијата е во контакт со членовите и граѓаните и дека секојдневно се унапредува комуникацијата со членовите и граѓаните.

Мицкоски потенцира дека партијата е во врвна кондиција и дека се очекува огромна победа на претстојните локални избори.

„Довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ е огромна, а особено заради енормниот број на завршени проекти“, кажа тој.

Слични содржини