Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Али Ахмети и Бујар Османи. Само политички аматери не може да предвидат дека на локални заедно со предвремени парламентарни избори, ова ВМРО-ДПМНЕ, во ваква кондиција, со ваква слаба опозиција, ќе биде апсолутен победник. Со мнозинство од повеќе од 60 пратеници, порачаа утрово од коалицијата ВЛЕН.
Оттаму додаваат дека се додека во парламентарните комбинации нема двотретинско мнозинство без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, „опозицијата СДСМ и ДУИ нема право лажно да плаче за ЕУ перспективите“.
-Албанците не се наивни да веруваат во лагите на ДУИ. Тие бараат предвремени парламентарни избори за да издејствуваат „Пржинска Влада”, во која министер за внатрешни ќе даде нивниот политички контролор СДСМ. Ахмети во тој период од 100 дена гледа шанса да ги уништи доказите за корупција за неговите поранешни функционери.
Ако нема предвремени парламентарни избори ДУИ не сака да оди само на локални избори. Зошто? Затоа што 22 години одеа на избори од позиција на власт, со злоупотреби на МВР, со уцени на вработени во администрација, купуваа гласови со народни пари, полнеа гласачки кутии, ја фаслификуваа волјата на гласачите, стои во соопштението на коалицијата која наскоро се очекува да стане политичка партија.
Поранешниот министер за надворешни работи од ДУИ, Бујар Османи преку порака на Фејсбук му порача на премиерот Христијан Мицкоски дека како министер за надворешни работи не преговарал во свое име, ниту во име на една етничка група, туку на државата.
„Кога Премиер на една земја јавно ќе го стави под знак прашалник легитимитетот на министер да преговара во име на државата – не поради неговиот мандат, туку поради неговото етничко потекло – тоа не е само навреда кон таа етничка заедница. Тоа е обид за редефинирање на државата како етнички монопол, спротивно на Уставот, спротивно на политичката реалност, и спротивно на самата европска идеја на мултиетничка демократија кон која тежнееме“, напиша Османи на Фејсбук.
Зијадин Села од Алијанса за Албанците (АА), партија која е дел од коалицијата „Европски фронт“, не гледа ништо лошо во средбите кои, како што рече, изминатиов период ги оствариле првиот интегративец Али Ахмети и Арбен Таравари кој партиципира во владејачката коалиција ВЛЕН како претставник на АА.
Зијадин Села од Алијанса за Албанците (АА), партија која е дел од коалицијата „Европски фронт“, не гледа ништо лошо во средбите кои, како што рече, изминатиов период ги оствариле првиот интегративец Али Ахмети и Арбен Таравари кој партиципира во владејачката коалиција ВЛЕН како претставник на АА.
Министерот за здравство, кој го предводеше крилото на АА кое стана дел од коалицијата ВЛЕН пред повеќе од една недела за медиумите потврди дека имал комуникацијата со лидерот на ДУИ, но дека тоа било телефонски разговори. Дел од медиумите на албански јазик уште на почетокот на април објавија дека тоа било во периодот кога во ВЛЕН требало да се донесе одлука како ќе настапуваат на локалните избори. Таравари викендов беше во Турција, но соопштенијата од неговата посета беа праќани од мејлот на Алијанса за Албанците, а не како што е вообичаено од Министерството за здравство.