Мојсоска пред утрешното гласање за интерпелација на Тошковски: Во најголемата трагедија на Македонија, на младите им го ускративте правото да тагуваат за своите врсници!

од Марта Пешевска
412 прегледи

Утре во Собранието на Македонија е интерпелацијата против министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски поднесена од Левица. Пратеничката Јована Мојсовска на својот Фејсбук профил дека тоа ќе се случува додека мајките на настраданите деца од трагедијата во Кочани ќе протестираат во Скопје.

„Обвинуваа за политичко ЛЕШИНАРЕЊЕ оние кои на денот на најмасовниот погреб во историјата на Македонија платиле 400.000 евра ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА МЕРЕЊЕ РЕЈТИНГ. Иако имаат буџет од партиско-истражувачки центри, кога Македонија тагувала, партијата на Мицкоски гледала како да исцеди пари преку буџет на влада, да шиканира, да демонизира, да се заканува. Во најголемата трагедија на Македонија, на младите им го ускративте правото да тагуваат за своите врсници! Поради вашата параноја да не ја изгубите фотелјата МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ мора да има“, сподели таа.

Мојсоска потсети и на кадровските решенија на министерот со кои вети дека ќе го рестартира системот.

-Жарко Златески – ВД командир на ПС Македонски Брод (девер на пратеничката Бисера Златеска и именуван после трагедијата во Кочани); -Братучедите на Тошковски, Крунислав Хаџи Наумов и Благојче Хаџи Наумов, експресно унапредени во СВР Велес (од помлад инспектор во самостоен инспектор и личен телохранител на Мицкоски и од обичен полицаец до виш инспектор); -Сашо Петрушевски (државен секретар на МВР од ЗНАМ, кривично гонет за злоупотреба на службена положба и злосторничко здружување); -Ердол Рамадан – командир на ПС Ропотово, за време на владеењето на СДС и ДУИ пукаше со автоматска пушка, по што Тошковски го врати на функција (овој пат како кадар на ВРЕДИ), истакна пратеничката на Левица.

Слични содржини