51
Ветеранот Џејми Варди се надева дека ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија медиумите во Англија.
38-годишниот напаѓач не сака да игра во Чемпионшип, втората англиска дивизија. Варди веќе објави дека го напушта Лестер на крајот од оваа сезона.
Фудбалерот игра за клубот од 2012 година и стана шампион на Англија, освојувач на Купот и Суперкупот на земјата.