Кос: Ако треба да чекаме со Украина колку што чекаме со Македонија, тогаш Киев би ги започнал преговорите со ЕУ во 2045

од Nikola Popovski
644 прегледи

Во некои аспекти, регионот беше подобар пред 20 години отколку што е денес. И има две или три многу тажни приказни. Една од нив е дека Косово не може да оди напред. Друга тажна приказна е С.Македонија. Знаете, ако треба да чекаме со Украина колку што С. Македонија чека почеток на преговори, тогаш Украина би ги започнала преговорите во 2045 година. И, секако, тука е и Босна и Херцеговина, изјавила еврокомесарката за проширување, Марта Кос во интервју за РСЕ за европската перспектива на земјите од Западниот Балкан.

Кос изразува очекувања дека до крајот на нејзиниот мандат како комесарка во Европската комисија, позиција што ја презеде пред седум месеци, Црна Гора и Албанија би можеле да станат членки на Европската Унија.

-Нормализацијата на односите на Косово со Србија е предуслов за Косово да добие статус на кандидат и да го започне процесот на членство во ЕУ, додала Кос.

На прашањето дали е време да се одвојат процесите меѓу Молдавија и Украина, како што ЕУ направи со „пакетот“ Албанија-Македонија, еврокомесарката истакнала дека веќе разговарале со земјите-членки што да преземат, бидејќи, како што вели, ниту една земја-членка не е против отворањето на првиот кластер со Молдавија.

-Затоа се надевам дека наскоро ќе најдеме решение и дека ќе можеме да го отвориме не само првиот кластер, туку и сите други оваа година, додала Кос.

Слични содржини