15
Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, не штедеше критики за перформансите на тимот оваа сезона. Е
кипата на Рубен Аморим стигна до полуфиналето на Лигата на Европа, но во Премиер лигата се наоѓаат на 14-то место на табелата со 39 бода од 34 натпревари.
„Оваа сезона беше катастрофа за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата. Тимот е многу тежок за гледање, против Борнмут повторно беше ужасен. Резултатите во Лигата на Европа се единственото нешто што им помага на навивачите да почувствуваат олеснување“, изјави Сколс, цитиран од „ТНТ Спортс“.
Манчестер Јунајтед ќе игра против шпанскиот Атлетик Билбао во полуфиналето на Лигата на Европа.