Венко Филипче, претседател на СДСМ и пратеник, застана пред Собранието на Република Северна Македонија, одговарајќи на повикот од родителите на настраданите во трагедијата во Кочани. Пратениците на СДСМ, предводени од Филипче, со своето присуство изразија солидарност и поддршка за родителите, потврдувајќи дека стојат зад нив во борбата за правда.
Во своето кратко обраќање, Филипче истакна дека пратениците на СДСМ, како претставници на народот, ќе продолжат да ги поддржуваат семејствата настраданите, без да дозволат било какви политички манипулации да ја засенат нивната болка и трагедија. Тој нагласи дека болката на овие семејства не смее да се искористи за партиски цели.
Родителите, во своите изјави за медиумите, ја изразија благодарноста што барем некои од пратениците ги удостоиле со поддршка и разбирање во овие тешки моменти.