📹Јанис бесен и испровоциран, едвај избегната тепачка

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Антетокунмпо, влезе во вербална расправија со Бенедикт Матурин и таткото на Тајрис Халибартон откако беше елиминиран од Индијана Пејсерс во плејофот на НБА.

Тимот на Индијана победи со 119:118 по неверојатно продолжение и ја заврши серијата во своја корист со вкупен резултат од 4:1.

Антетокунмпо мораше да биде одвоен од Бенедикт Матурин по натпреварот, со кого се судри за време на поздравувањето, а потоа и од Џон Халибартон, таткото на Тајрис Халибартон.

Таткото на Халибартон го провоцираше Јанис во текот на целиот натпревар, па дури и влезе на теренот во неколку наврати.

„Искрено им се извинувам на Јанис, на Милвоки Бакс и на целата организација на Пејсерс за моите постапки по вечерашниот натпревар. Ова не е соодветно претставување на нашиот спорт, ниту на мојот син. Нема повторно да ја направам оваа грешка“, напиша Џон Халибартон на социјалните мрежи.

Однесувањето на Халибартон предизвика реакции на социјалните мрежи и во медиумите, па неговото јавно извинување дојде како обид за смирување на тензиите.

Ниту НБА лигата, ниту клубовите сè уште не дадоа официјална изјава за инцидентот. Џон Халибартон се однесуваше несоодветно во претходните натпревари.

Јанис накратко изјави на прес-конференција за инцидентот дека кон него и неговите соиграчи било покажано големо непочитување.

Слични содржини