Филков со осуда за палењето на домот на Пандов: „Правда мора да има – и ќе има!“

од Љубиша Владимиров
34 прегледи

Министерот за правда, Игор Филков, со остра реакција по вчерашното палење на куќата на директорот на Управата за извршување санкции (УИС), Александар Пандов. Инцидентот, кој се случи под сѐ уште неразјаснети околности, ги вознемири институциите и јавноста.

„Најостро го осудувам овој чин на насилство и упатувам целосна поддршка до директорот Пандов во неговата истрајна борба против криминалот и корупцијата“, изјави министерот Филков.

Тој додаде дека случајот, заедно со неколку други инциденти во кои биле вклучени лица вработени во УИС и затворскиот систем, ја нагласува потребата од решителна акција на институциите.

„Овие случувања бараат темелна истрага со цел да се откријат причините и најстрого да се казнат можните сторители“, нагласи Филков, додавајќи дека „правда мора да има – и ќе има!“.

Надлежните органи веќе започнаа истрага, а јавноста со нетрпение очекува исход кој ќе врати чувство на сигурност и правичност во институциите.

Слични содржини