Хорор во центарот на градот, со тротинет удри во жена која заврши во болница со тешки повреди

од Марта Пешевска
164 прегледи

Пешак беше удрен од електричен тротинет на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, при што 62-годишната К.К. од Струмица се здоби со тешки телесни повреди.

Несреќата се случила на 30 април околу 14:55 часот, кога лице кое управувало електричен тротинет, движејќи се по тротоарот, удрило во жената. Повредената била пренесена во Медицинскиот центар Струмица, каде што ѝ била укажана лекарска помош и ѝ биле констатирани тешки повреди.

За случајот било пријавено во полиција во 16:25 часот, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струмица. Се работи на целосно расветлување на инцидентот.

Слични содржини