Што е проблемот со Ѓоковиќ: „Ме загрижува…“

од Nikola Popovski
2,9K прегледи

Српскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ е во потрага по својата вистинска игра, а поранешната тенисерка и аналитичарка Рене Стабс понуди причини за неговата лоша форма.

Таа изјавила дека Ѓоковиќ прави премногу неизнудени грешки на мечевите.

„Индексот на анксиозност на Новак е особено загрижувачки за мене. Тој прави премногу неизнудени грешки, дури 32 против Матео Арналди и ја губи концентрацијата во клучните моменти“, рекла Стабс.

Како што истакнала таа, лесно е да се лоцираат лошите моменти на Ѓоковиќ.

„Другите играчи го препознаваат тоа, го чувствуваат и повеќе не се плашат од него. Кога ќе ја изгубите таа аура на непобедливост, а потоа ќе направите две последователни грешки на двојниот сервис и ќе го изгубите сетот…“, навела Стабс, кој некогаш беше светски број еден во двојки.

Таа исто така истакнала дека ваквите падови се нешто што не сме го виделе од Ѓоковиќ претходно.

„Никогаш не сте виделе нешто вакво за време на неговата доминација. Како ќе ја врати самодовербата? Со победа. Она што ме загрижува е дали ја изгубил мотивацијата. Секој спортист доаѓа до точка каде што удира во ѕид. Без разлика дали станува збор за возраст, постојано патување, семејни обврски, безброј часови поминати во теретана и на теренот, или сè тоа – сè станува многу потешко. Мотивацијата станува послаба, а со неа и волјата да се поминат сите тие пречки заради резултатите“, заклучила Стабс.

По поразот во Мадрид, Ѓоковиќ во својата изјава призна дека не е задоволен од моменталната состојба на својата игра и дека е свесен дека треба значително да ја подобри својата форма, особено имајќи го предвид претстојниот Ролан Гарос.

„Тоа е еден вид нова реалност за мене… Обидот да се победи во еден или два натпревари… Тоа е сосема поинакво чувство од она што го имав во повеќе од 20 години професионален тенис“, потенцирал Ѓоковиќ.