Вмро Дпмне ја открива лицемерноста на своето минато, промовирајќи проект на СДСМ кој претходно го нарекуваше „историски криминал“, велат од опозициската партија. Проектот за изградба на делницата Тетово – Гостивар од Коридорот 8, што беше започнат од владата на СДСМ, денес со гордост го продолжува ВМРО-ДПМНЕ, иако го блокираше и критикуваше.
Делницата е дел од 110 километри што се опфатени со стратешкиот договор со „Бехтел и Енка“, за кој ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека е криминален. Подготовките и започнувањето на проектот беа реализирани од СДСМ, а денес ВМРО-ДПМНЕ го завршува. СДСМ инвестираше и градеше, додека ВМРО-ДПМНЕ го попречуваше напредокот.