Мицкоски со предупредување до Таравари: Договор со ДУИ би бил себепонижување и предавство!

од desk4
105 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе се одржи средба со Арбен Таравари за идното функционирање на владата. Тој истакна дека очекува од Таравари јасен став дали неговата партија има договор со ДУИ за заедничко делување на претстојните локални избори. Мицкоски рече дека ваков договор би значел „себепонижување“ и „тивка поддршка за ДУИ“, што, како што нагласи, е неприфатливо за него како премиер.