Филипче за протестите на ДУИ: Протестот е уставно загарантирано право, но не смее да се злоупотребува за политика

од Марта Пешевска
50 прегледи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изрази свое мислење во однос на најавените протести од страна на ДУИ. Тој истакна дека правото на протест е уставно загарантирано, но додаде дека не треба да се злоупотребува за политички цели.

„Правото на протест е уставно загарантирано, но апсолутно не сметам дека треба да се злоупотребува за политички цели. Ние веќе започнавме процес на разговори и наоѓање партнери за следниот период, особено во контекст на локалните избори. Дел од преговорите веќе се заокружени, други продолжуваат, а трети допрва ќе започнат“, изјави Филипче.