Филипче: Делчев е потсетник дека заедништвото и прогресот се клучот за Македонија

од Марта Пешевска
46 прегледи

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод 122 години од смртта на Гоце Делчев, изјави дека неговите идеи и вредности и денес се важни и применливи. Тој нагласи дека визиите на Делчев за слободна и обединета Македонија се потсетник дека општеството има уште многу предизвици.

Во ера на технолошки промени и глобализација, Филипче повика на враќање кон темелните вредности, единство, културен напредок и заедништво, кои, според него, се клучни за изградба на модерен национален идентитет.