СДСМ: Владата има игнорантски однос и 9 месеци не спроведува ниту една одредба од Законот за употреба на македонскиот јазик

од Nikola Popovski
94 прегледи

Тоа е делото на Блаже Конески, но и многу други значајни великани. Им оддаваме почит и го пренесуваме амананетот за негова заштита, промоција и унапредување од генерација на генерација, порачаа од СДСМ по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и упатија критики до власта, поради, како што велат, игнорантски однос и 9 месеци неспроведување на ниту една одредба од Законот за употреба на македонскиот јазик.

Како што соопштија од најголемата владеачка партија, Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик не може да функционира затоа што се уште не е усогласен со законот за инспекциски надзор.

-Нема вработени инспектори, само партиска директорка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и толку. Нема нови вработувања ниту на лектори, нема ниту стипендии за ученици и студенти. Министерот Љутков покажува ограмна неспособност. На овој значаен ден, СДСМ ја повикува Владата веднаш да ги спроведе сите законски обврски од Законот за употреба на македонскиот јазик. Отворањето на Инспекторатот, вработувањето на лектори и обезбедувањето стипендии не се прашања на партија, туку прашања на национална должност, побарa проф. Маја Серафимовска Борозан која доаѓа од редовите на СДСМ.

Доколку сакаме македонскиот јазик да биде по долговечен нам ќе ни требаат уште закони, институти, инспекторати, правилници. Но, најмногу ќе ни требаат говорители, порачаа пратениците од Собранието. Комисијата за култура и туризам го одбележаа Денот на македонскиот јазик.

-Во ова време на брзи промени, грижата за македонскиот јазик станува чин на современ патриотизам. И таа грижа не е декларативна, институционална, одговорна и долгорочна. Да му пристапуваме на македонскиот јазик со љубов, знаење и со грижа. Да го говориме правилно и да го живееме со достоинство, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешното одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик што се одржа во Македонската академија на науките и ументостите.

Датумот 5 мај е избран како Ден на македонскиот јазик бидејќи токму на овој ден во 1945 година, Народната влада на Федерална Македонија ја донела одлуката за официјализирање на македонскиот литературен јазик и за усвојување на македонската азбука. Оваа одлука претставува еден од најзначајните моменти во историјата на македонскиот народ, бидејќи со тоа македонскиот јазик добива статус на службен јазик во државата, а македонската азбука станува официјално писмо.

Слични содржини