Пациентите со дијабетес чекаат пумпи, Таравари најави само нов модел на набавка

од Марта Пешевска
61 прегледи

И покрај зголемените потреби, повеќето пациенти со дијабетес тип 1 во земјава сè уште немаат пристап до современи инсулински пумпи. Здружението на лица со дијабетес алармира дека само околу 300 од 4.000 пациенти користат пумпи, и тоа претежно застарени модели.

Од Министерството за здравство засега нема најава за набавка на нови пумпи. Министерот Арбен Таравари информира дека е донесена одлука инсулинот да се набавува на секои две години за да се избегнат периодични недостатоци.

„Секоја година се набавува и повторно додека се врши набавката, понекогаш има недостиг од два-три дена или пет дена или 10 дена. Затоа сега ќе се набавува за две години. Постапката за јавна набавка е завршена пред две-три недели, договорот е потпишан со стандардниот добавувач кој е ист речиси 10-15 години“, рече Таравари.

Од здружението потсетуваат дека пумпите не се луксуз, туку неопходност за квалитетен живот и избегнување на поскапи здравствени интервенции.