Ал Хилал си постави за цел главна цел за претстојниот преоден рок, а тоа е капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.
Ова би било вистинска бомба, но работата е далеку од завршена.
Фернандеш е несомнено најдобриот играч на Манчестер Јунајтед оваа сезона и големото прашање е дали „црвените ѓаволи“ ќе стигнеа до финалето на Лигата на Европа без него. Тој претставува вистински лидер на теренот и би било вистинска штета за Јунајтед да го загуби.
Сепак, Ал Хилал покажа интерес, и тоа голем, а знаеме што нудат саудиските клубови – пари, многу пари.
Клубовите сè уште не воспоставиле никаков контакт, па затоа реализацијата на овој трансфер е сè уште далеку, сепак, прашањето е какви се желбите на Фернандеш. Желбите на англискиот клуб и на Рубен Аморим се јасни. Тие го гледаат Бруно Фернандеш како клучен играч и сакаат да го задржат.
Бруно има договор со Јунајтед до 2027 година, па Ал Хилал би морал да плати отштета за португалскиот играч од средниот ред.