Барселона пропушти одлична можност да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Каталонците поведоа со 3:2 во 87-та минута со голот на Рафиња, но ги „пресече“ голот на Ачерби во 90+3 минута, со која Интер се избори за продолжение.
Во дополнителниот половина час игра, за гостите дојде уште еден шок, откако голот на Фратези ги однесе италијанските шампиони во големото финале.
Еден од најалентираните фудбалери во светот, Ламин Јамал се огласи на својот Инстаграм по натпреварот велејќи дека „Барселона ќе се врати таму каде што заслужува да биде“.
„Дадовме сѐ од себе, оваа година не беше можно, но ќе се вратиме, не се сомневајте. Нема да застанеме додека не го вратиме овој клуб таму каде што заслужува да биде, на врвот. Ќе го одржам своето ветување и ќе го донесам трофејот во Барселона, нема да застанеме додека не го постигнеме тоа. Но, недела е уште едно финале и сите мора да бидеме заедно“, објави Јамал.