„Во континуитет со години, а интензивно од локалните избори до денеска од страна на поединци, менаџирани и мотивирани од луѓе заглавени до гуша во криминал, поранешни премиери, министри и актуелни самопрогласени лидери на опозицијата, јас и тимот околу мене сме напаѓани со неосновани клевети и лаги за наводни злоупотреби“, реагира лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски на денешните обвинувања на СДСМ за коруптивен скандал поврзан со ЛИДЛ.
Вели дека целта на оваа кампања на СДСМ не е лично тој, туку преку него политичкиот субјект, кој е, вели, најбрзорастечка партија во Македонија, а тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
„За да биде иронијата поголема тоа го прави СДСМ – партијата на неспособноста, криминалот и националното предавство. СДСМ нема кредибилитет да зборува за правда. Паниката го прави своето“, смета Димитриевски.