Емотивен говор на мајката на Фросина: „Ниту еден орган не ѝ беше поштеден…“

од Nikola Popovski
2,K прегледи

Во Основниот кривичен суд Скопје почна судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова. Во судницата, присутни беа родителите и сестрата на трагично починатата Фросина, како и родителите на обвинетиот Васил.

Мајката на Фросина, Камелија Кулакова преку емотивен говор и низ солзи рече дека не е само мајка што го изгубила своето дете, туку човек со откорната душа.

-Денеска сум гласот на Фросина, бидејќи таа не може да зборува. Таа не беше само прегазена. Кажете ми кој збор од законот може да го опише ова и да ја опише болката што ја имам. Ова не е судење за сообраќајка, ова е судење за грабежна живот и иднина. Барам највисока казна не за одмазда, туку за правда. Правдата нема да ми ја врати Фросинче, но ќе ми ја врати вербата дека нејзиниот живот не згаснал залудно и затоа барам максимална казна, рече таа.

Сведочеше за повредите кои ги имала Фросина од ударот, а кои биле бројни и тешки.

-Тој не се обидел ни да запре, не погледнал не почувствувал, ја фрлил со толкава сила што со главата ја скршила шофершајвната, го извиткала семафорот од другата страна на улицата. Брзината била бесконечн. Ниту еден орган не и беше поштеден коските искршени, срцето распрскани, градниот кош отворен, и така мојата Фросинче остана таму без здив . Кој член од законот може ова да ја регулира мојата болка кога заспивам и се будам со нејзината слика…, порача Камелија.

По изјавата на мајката, Васил призна вина за делото, се извини на семејството Кулакови и изрази сочувство. По ова, за многу скоро од денес, се очекува Кривичниот суд да изрече и пресуда за трагичниот настан. За кривичното дело е предвидена затворска казна до 20 години.

На 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Слични содржини