Салах прогласен за Играч на годината во Премиер лигата

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Мохамед Салах е Играч на годината во Премиер лигата, според фудбалските новинари.  Египќанецот Салах ја освои наградата со 90 проценти од гласовите, што ја прави најубедливата победа на играч во овој век.

Египќанецот е само вториот играч кој три пати ја освоил наградата од новинарите за најдобар во сезоната, изедначувајќи се со легендата на Арсенал, Тиери Анри.

Салах постигна 33 гола за „црвените“ во сите натпреварувања оваа сезона, која сè уште не е завршена, од кои 28 беа во Премиер лигата, каде што ја освои својата втора шампионска титула.

Зад Салах остана Вирџил ван Дајк, додека Александар Исак е на третото место. Деклан Рајс беше на четвртото место.