Адвокатот на Васил: Родителите на Фросина читаа од своите мобилни, некој им ги подготвува говорите

од Nikola Popovski
1,8K прегледи

Адвокатот на обвинетиот Васил Јованов за прегазувањето на Фросина Кулакова, Сашко Дуковски денеска пред медиумите изјави дека излегле на површина сите невистини за, како што рече, обвинувањата дека неговиот клиент бил криминалец, наркоман, убиец, ѓавол, дека возел со 170 км на час, дека избегал, па не дошол 3 часа на лице место…

Според Дуковски, како што вели, родителите на загинатата Фросина, во текот на рочиштето при читањето на исказите, читале од нивните мобилни телефони, што значи дека некој им ги подготвува тие говори и така посочува дека тие настапуваат од првиот ден.

-Сакам да имате во предвид еден многу битен факт: се работи за 20-годишно дете кое категорично ја призна својата вина. Ова не е првата ниту последна сообраќајка во Македонија. Тоа покажува дека таква млада личност е особа со интегритет и дека неговото семејство е со интегритет и имаше доблест и да признае и да се сноси со сите последици. Да оставиме институциите да си ги донесат пресудите врз основа на законот, а не начелото „око за око, заб за заб“. Смрта последица е страшна работа, но треба да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, рече Дуковски.

Во Кривичниот суд почна судењето на Васил, кој на крајот на јануари, возејќи пијан и без возачка дозвола, на пешачки премин на „Партизанска“ ја прегази Фросина Кулакова, која почина на самото место. Обвинет е за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Може да добие до 20 години затвор.