173
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со својот баџанак, бизнисменот Јорданчо Јанев – Дано, заминале за Виена рано наутро на 8-ми мај, како што информира порталот Инфомакс. Според информациите, тие со семејствата се качиле на авион во 4:20 часот. Патувањето било без официјално известување и без обезбедување. Владата потврди дека Мицкоски е на приватно патување, но не соопшти детали за неговото отсуство, што ја предизвика загриженоста за транспарентноста на ваквите патувања на високи функционери.