📹Тадиќ во центарот на скандал: Погледнете како нападна соиграч

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Во 35-то коло од турското првенство, Фенербахче победи со 3:1 на гостински терен против градскиот ривал Истанбул Башакшехир.

Освен важната победа на Фенербахче, натпреварот ќе биде запаметен и по еден инцидент на крајот од првото полувреме. Во центарот на вниманието беше српскиот фудбалер Душан Тадиќ, кој нападна соиграч.

Душан Тадиќ и Андерсон Талиска, речиси се пресметаа физички за време на натпреварот. Според извештаите, српскиот интернационалец не му ја подал топката на Бразилецот кој имаше добра шанса, што предизвика размена на остри зборови.

Прво, дошло до жестока вербална расправија, а потоа Тадиќ се стрчал кон Талиска. Сепак, неговите соиграчи реагираа навреме и го совладаа Тадиќ, па ситуацијата заврши без поголеми инциденти. Погледнете како изгледаше инцидентот во видеото подолу.

Слични содржини