Пласманот во Лигата на шампионите на Нотингем Форест е се подалеку, што предизвика жестока реакција од сопствениците на клубот.
Нотингем Форест ремизираше со Лестер, по што следеше судир на „Сити граунд“ помеѓу претседателот на клубот Евангелос Маринакис и тренерот Нуно Еспирито Санто.
Грчкиот милијардер, кој е и сопственик на Олимпијакос, се огласи на социјалните мрежи по инцидентот, објаснувајќи што се случило.
„Денес е ден за славење, бидејќи по 30 години, Нотингем Форест повторно ќе игра во Европа, тоа е ветувањето што го дадов кога се пласиравме во повисок ранг. Со уште два натпревари до крајот на Премиер лигата, мора да продолжиме да веруваме и да сонуваме до последниот свиреж“, напиша Маринакис, пред да додаде:
„Сите, тренерскиот персонал, играчите, навивачите и јас, бевме фрустрирани од повредата на Таиво и погрешната проценка на медицинскиот тим за неговата способност да продолжи да игра. Тоа е природно, тоа е доказ за страста што ја чувствуваме за нашиот клуб. Сите треба да бидеме благодарни, страствени и да продолжиме да сонуваме.“
Нотингем Форест моментално е на седмото место на табелата со 62 бода, а имаат уште две кола до крајот на сезоната.