СДСМ денеска информира дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ не гласале и не го поддржале нивниот предлог – на дневен ред да се стави Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани. Од 94 регистрирани пратеници, само 18 гласале „За“.
СДСМ предложи закон за финансиски надомест за семејствата кои изгубиле член, за повредените со различен степен на инвалидитет, како и поволности во образовниот систем за децата кои губат часови поради лекување. Во истиот предлог се опфатени и семејствата од трагедиите во Тетово, Ласкарци и Беса Транс. Ги повикаа сите пратенички групи да дадат поддршка и да го изгласаат ова законско решение, за да покажат единство дека за вакви трагедии не треба да постои политиканство.
Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека нема да го поддржат предлог законот. Возвратија дека „нема полицемерно од тоа СДСМ и Филипче да поднесат закон за Кочани, затоа што тоа е исто како да поднесат закон за модуларната болница во Тетово или за враќање на името“. Велат дека имаат нивни план за помош за засегнатите од трагедијата преку дуплирање на средствата од Владата за помош на општина Кочани и реализација на проекти.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ ја потресе јавноста и отвори сериозни прашања за безбедносните стандарди, инспекциските контроли и институционалната одговорност. Истрагата сѐ уште е во тек, а јавноста со внимание го следи исходот.