Спасовски за предлог-законот за помош на семејствата од Кочани: Треба со образ да излеземе пред луѓето и да го поддржевме решението

од Nikola Popovski
52 прегледи

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски информира дека е чудно и неприфатливо како ВМРО-ДПМНЕ и владиното мнозинство одбиле воопшто да се дискутира за предлог-законот на СДСМ за помош и поддршка на семејствата на настраданите од кочанската трагедија, но и од несреќите со „Беса транс“, модуларната болница во Тетово како и трагедијата кај Ласкарци.

Вели дека е крајно неодговорно и неразбирливо зошто се одбива ваквото решение. Постои и пракса за вакви закони, истакна Спасовски.

-Мислам дека сите треба да имаме малку поголем дигнитет и образ да излеземе пред луѓето и да кажеме зошто сметаме дека требаше секој еден да го поддржи ова законско решение. Покрај тоа што ќе се помогне на овие семејства, многу важна ќе беше пораката што ќе се испратеше – порака на единство, сплотеност и солидарност околу ваквите работи, кажа Спасовски и го покажа листингот со пратениците кои одбиле, а кои гласале во Собранието за овој предлог-закон.

Од ВМРО-ДПМНЕ уште претходно критикуваа дека предлогот-закон е неприменлив во некои членови и делумно неуставен. Според нив, „влегува во колизија со сопствените членови и делумно се преклопува со постоечки права дефинирани во други закони што имплицира дека на напишан пред се за политички маркетинг на СДСМ, а не како суштински правен инструмент за помош на настраданите во пожарот во Кочани“.

Слични содржини