1,5K
Малолетник бил прегазен на улица во Скопје, информираат од полицијата.
Според МВР, вчера попладне во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Индира Ганди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(22) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.