Националната радиодифузна компанија (NBC) доби ексклузивни ТВ права за НБА во Соединетите Американски Држави почнувајќи од следната сезона, враќајќи се на големата сцена на најсилната кошаркарска лига во светот по 23 години.
Ова ќе биде трет пат натпреварите од НБА да бидат емитувани на NBC. NBC прво ја емитуваше НБА од 1954 до 1962 година, а потоа од 1990 до 2002 година.
1990-тите беа запаметени од постарите кошаркарски фанови по карактеристичните воведни одјавници, во кои се содржеа ритмовите од песната „Roundball Rock“ со гласот на американскиот актер Џим Фејган кој велеше „Ова е НБА на NBC“.
Иако Фејган почина во 2017 година, сè уште ќе можеме да го чуеме неговиот глас бидејќи NBC им ги плати на неговото семејство правата за рекреирање на неговиот глас користејќи вештачка интелигенција, а почнувајќи од оваа есен ќе можеме да уживаме во навистина незаборавни воведи.
Она што е особено интересно е списокот на имиња кои ќе работат за NBC во претстојните сезони во НБА.
Претходните ТВ права ги поседуваа ESPN и TNT, а шоуто „Inside the NBA“ го претставуваа Шекил О’Нил, Чарлс Баркли, Кени Смит и водителот Ерни Џонсон.
Стандардната постава на NBC ќе ја сочинуваат Кармело Ентони, Винс Картер, Реџи Милер и Џамал Крофорд, а Мајкл Џордан ќе биде специјален соработник.
Најдобриот играч во историјата на играта ќе биде во улога на аналитичар за прв пат во својата кариера, а ова ќе биде и неговото прво постојано појавување на телевизиските екрани од неговата последна играчка сезона во 2002/2003 година.