Рубен Аморим ќе остане менаџер на Манчестер Јунајтед, а исходот од финалето на Лигата на Европа против Тотенхем нема да влијае на таа одлука, објавуваат британските медиуми.
И покрај многу лошите резултати во Премиер лигата, Аморим си обезбеди место за следната сезона со пласман во финалето на второто по ранг европско натпреварување.
Јунајтед моментално е на 16-то место во домашното првенство и има забележано 17 порази, што е најлошиот настап на клубот од сезоната 1973/74.
Сепак, доколку победи, тимот на Аморим ќе обезбеди место во Лигата на шампионите и ќе ја спаси сезоната. Како што дознава „Гардијан“, клупските челници веруваат дека Португалецот би можел да постигне подобри резултати во иднина, но дека му треба време за тоа, како и шанса сам да ги избере засилувањата.
Се споменува дека Лиам Делап од Ипсвич и Матеуш Куња од Вулверхемптон би можеле да пристигнат на „Олд Трафорд“ во текот на летото.
Финалето на Лигата на Европа е закажано за 21 мај во Билбао.