📷Џенифер Лопез се повредила за време на проба, биле потребни конци: „Многу мраз и ќе бидам како нова“

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Латино дивата Џенифер Лопез доживеа несреќа среде проба за нејзиниот претстоен настап на Американските музички награди (AMAs). Судејќи според фотографиите, таа си ја удрила главата и го повредила носот.

„Значи… Ова се случи“, напиша Џеј Ло во стори на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која држи кеса со мраз на носот. После тоа, таа покажа како изгледа нејзиниот повреден нос на втора фотографија, а во трета објава му се заблагодари на докторот кој ја заши раната.

„Една недела подоцна и со еден куп мраз, ќе бидам како нова“, напиша таа.

Потсетуваме, Џеј Ло официјално се разведе од актерот Бен Афлек во февруари оваа година. Според судските документи, судија на Вишиот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот пријателски развод на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднесе барање за развод. Двојката постигна договор преку медијација уште во септември, со што избегна долга судска битка.

Во неодамнешно интервју, Лопез откри како им кажала на своите деца Ема и Макс, кои ги имала со Марк Ентони, дека се разведува.

„Им реков: „Ви ветувам, ова е тежок период, но ќе видите дека кога ќе заврши, ќе излезам посилна и подобра. Им го ветив тоа – и го одржав зборот. Сега и тие го чувствуваат тоа, а тоа ми носи огромен мир“, опиша таа за „Ел Паис“.

Слични содржини