Семејството Кулакови изрази длабоко разочарување од судската одлука со која Васил Јованов беше осуден на 12 години затвор за сообраќајната несреќа на Партизанска, во која трагично загина 22-годишната Фросина Кулакова.
Тие најавија протест денеска во 17 часот пред Универзалната сала – местото каде што се случи несреќата – од каде ќе тргнат кон судот, за, како што велат, „вторпат убиена правда“.
„Нема да молчиме. Бараме промени за никоја мајка повеќе да не поминува низ оваа болка. Правда за Фросина, правда за сите што оваа држава ги заборави,“ напиша нејзината сестра Росица Кулакова.
Семејството повикува граѓаните да им се придружат и да застанат заедно против неказнивоста и корупцијата во системот.