Крстевски: Во Кочани се уште има угостителски објекти кои се дивоградби, газдите чекаат од општината да ги урне

од Nikola Popovski
537 прегледи

В.д. градоначалникот на општина Кочани, Венко Крстевски вчера порача дека дошол на функцијата со цел да го смени системот во државата. За да го смениме, вели тој, мораат сите што се учесници во системот, да ги сменат своите навики. Жали што за овие 60 дена, колку што е на функцијата, тоа во Кочани не го гледа.

-Денеска на седница на Совет имавме точки за меѓуопштинска соработка со општините Струмица и Карпош. Таа одлука не помина. Овој хаос е креиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани. Нивните советници гласаа воздржани, по одредени точки и колекшката од Левица беше воздржана, воздржан беше и од ЛДП. За гласаа колегите од СДСМ. За да го смениме системот, општина Кочани нема инспектор за домување и инспектор за улици и патишта. Стигнуваат предмети за дивоградби, а ние сме оневозможени да функционираме. Долговите кои што ги наследивме се дело на советниците кои што денеска не гласаа за меѓуопштинска соработка со општините кои изразија безрезервна поддршка во делот со човечки ресурси, кажа Крстевски во емисијата „Топ тема“, додавајќи дека на неговиот град и општина им е потребна институционална поддршка.

Јавно кажувам дека после несреќата во дискотеката „Пулс“, рече тој, навиките кај голем број угостители не се сменети. Крстевски укажа дека во Кочани се уште постојат угостителски објекти кои што се дивоградби и узурпираат простор.

-Истите не сакаат самите да си ги отстранат објектите туку чекаат од општината. На 20-ти месецов завршува тендерот и ќе постапиме за тие објекти. Дали така треба да биде? Каде е совеста на тие угостители? Зошто чекаат ние да ги срушиме? Која порака ја праќаме со ова беззаконие? Имаме проблем со безбедноста во целиот град. Немаме инспектор да ги провери сите згради дали ги исполнуваат минимун техничките стандарди, обелодени в.д. градоначалникот.

Порача дека странските инвестиции кои се најавуваат во Кочани на подолг рок од денеска, не се потребни туку треба моментална помош со суми и рокови.

Слични содржини