📹Зверев: „Готово е – Ѓоковиќ е мој тренер“

од Vladimir Zorba
39 прегледи

Германскиот тенисер Саша Зверев се надева дека Новак Ѓоковиќ еден ден ќе му биде тренер. Пред некое време, Данил Медведев изјави дека слушнал оти Новак, кога ќе ја заврши кариерата, ќе го тренира Зверев.

Неодамна, на Мастерсот во Рим, на тенисерите им беше поставено прашањето – кого би сакале да го видат за свој тренер.

Алекс де Минор, Холгер Руне, Стефанос Циципас го истакнаа Новак, како и Зверев, кој одговори преку насмевка.

„Кога ќе се пензионира, сигурно ќе ми биде тренер. Тоа е тоа“, вели Зверев.

Имаше инсинуација дека многумина би го сакале Новак на таа позиција.

„Тој е мојот тренер. Потпишавме“, истакна Саша на шега.

Сепак, којзнае што носи иднината…

Слични содржини