111
Денес околу 10 часот наутро кај Михајловац, Србија, 70-годишен маж починал во автобус со кој патувал од Германија кон неговиот роден град во Македонија.
Како што пренесуваат српските медиуми, починатиот е македонски државјанин од Струга, а првата помош ја укажале неговите сопатници кои застанале на паркинг кај ресторан, на делницата помеѓу Белград и Ниш.
По околу 30 минути, на местото на настанот пристигнале екипите за прва помош и полицијата, кои се обиделе да го оживеат несреќниот човек, но за жал не можеле да го спасат.
Причината за смртта сè уште не е позната, а телото е предадено на обдукција.