Мицкоски за „Euronews“: Не постојат оправдувања за прифаќање на бугарските услови, жал ми е што корумпирани политичари правеа компромиси за власт

од Љубиша Владимиров
121 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Euronews Србија изјави дека нема аргументи за прифаќање на бугарските барања и го критикуваше претходното владеење кое, според него, поради лични интереси прифаќало секакви компромиси.

Тој истакна дека ако во нашиот Устав се вклучат повеќе народи, како албанскиот, српскиот, турскиот, треба да се постави прашањето што ќе се случи со Македонците што живеат во западна Бугарија. Мицкоски посочи дека има 14 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур кои признаваат постоење македонска заедница во Бугарија, но дека Бугарија не ги почитува тие одлуки.

Премиерот нагласи дека има двојни стандарди и лицемерие кога се бара од нас да направиме отстапки, а од нив не се бара истото. Тој додаде дека не постои ни една пресуда против човековите права на бугарската заедница во Македонија.

Мицкоски истакна дека ќе ги бори овие прашања и ќе ги застапува македонските интереси на меѓународно ниво, со цел да ги убедат светските престолнини дека аргументите на Македонија се исправни.

„Ова се историски процеси и само со силна меѓународна поддршка можеме да успееме“, рече Мицкоски.

Слични содржини