Најмладата ќерка на поранешниот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, и нејзиниот сопруг Мајкл Булос станаа родители. Тифани ја сподели радосната вест на социјалните мрежи со фотографија од малото бебешко стапало.
„Добредојде на светот, наше слатко момче Александар Трамп Булос. Те сакаме неизмерно! Ти благодариме што дојде во нашите животи“, напиша таа.
View this post on Instagram
Доналд Трамп минатата година во октомври објави дека ќе добие внуче и ја опиша Тифани како извонредна млада жена што наскоро ќе стане мајка.
Тифани и Мајкл се запознаа во 2018 година, а во брак стапија во ноември 2022 година, на венчавка што се одржа во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида. Тифани му беше ќерка од бракот на Доналд Трамп со Марла Мејплс.
Тифани порано се занимаваше со музика и мода, а потоа му помагаше на својот татко во претседателските кампањи во 2016 и 2020 година. Покрај тоа што често учествува на политички настани, таа е активна и на социјалните мрежи каде споделува моменти од својот секојдневен живот.