Еден од лидерите на ВЛЕН откри дали има преговори со Села за приклучување кон владеачкото мнозинство

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Вицепремиерот и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити посочи дека деновиве се во преговори во коалицијата за тоа кој ќе биде нов министер за здравство кој ќе го замени Арбен Таравари. Запрашан со кого разговараат, Меџити потенцира дека сеопфатни се преговорите и најави дека има опција дел од пратениците и членови на Европскиот фронт да преминат во владеачкото мнозинство.

-Со повеќе преговараме, ќе ве известиме кога ќе има конкретни резултати, кажа Меџити запрашан дали има преговори со лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Вицепремиерот е дециден дека Владата има легитимитет кај Албанците по напуштањето на Таравари.

-Повеќето од членството на АА ќе остане во ВЛЕН бидејќи тие придонеле за оваа победа и тие промени. И по заминувањето на Таравари, има иста бројка на пратеници односно имаме 13-14, додаде Меџити во денешната изјава за медиумите.

Слични содржини