Лоши вести за „ѓаволите“? Џим Ратклиф изгуби над шест милијарди долари

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Џим Ратклиф, сопственик на 27% од акциите на Манчестер Јунајтед и кој активно учествува во политиката на англискиот гигант, забележал огромни загуби во последната година.

„Тајмс“ објави дека сопственикот на „Инеос груп“, кој се приклучи на клубот кон крајот на 2023 година, забележал загуба од дури 6,43 милијарди фунти во последната година. Тоа е малку повеќе од една четвртина од неговото вкупно проценето богатство.

Ратклиф, кој беше најбогатиот Британец во 2018 година, падна за три места на листата во последната година. И сега е „само“ седми.

Сепак, Ратклиф претходно нагласи дека финансискиот притисок врз „Инеос“ нема да влијае на функционирањето на Манчестер Јунајтед. Откако Ретклиф пристигна на „Олд Трафорд“ и почна да донесува одлуки, беа донесени некои непопуларни одлуки. Ова беа мерки за штедење и намалување на трошоците, а една од тие мерки беше отстранувањето од платниот список на легендата на клубот, Сер Алекс Фергусон, кој до неодамна беше амбасадор на клубот.

Слични содржини